Денеска во печатените медиуми објавен е огласот за избор на концесионер за комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, со цел комплексот повторно да почне да работи и се врати на туристичката и културната мапа на Македонија. Nezavisen
На законски и транспарентен начин ќе биде одлучено кој во иднина ќе стопанисува со „Македонско село“.
Изборот ќе се изврши по пат на електронско јавно наддавање, преку системот кој управува и оперира Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи. Denesen
Изборот ќе се изврши по пат на електронско јавно наддавање, преку системот кој управува и оперира Министерството за финансии - Управа за имотно правни работи.
Закупецот/закупците ќе имаат обврска да ги преземат сите потребни активности за оспособување на Комплексот за почеток со работа од 1.06.2025 година. Skopjeinfo
Веруваме дека со избор на нов концесионер, ќе придонесеме за развој на туризмот, ќе ја стимулираме локалната економија и ќе создадеме нови можности за вработување, велат од СОЗР.
Со обновата на комплексот „Македонско село“, додаваат, ќе се создадат и услови за посети од туристи и домашни гости, што ќе ја зајакне туристичката инфраструктура и понуда во регионот, а истовремено ќе придонесеме и за презентирање на традиционалните македонски занаети, културното наследство и автентичната архитектура. Fokus