Според измените, Државниот девизен инспекторат продолжува да работи како орган во состав на Министерството за финансии, Државниот инспекторат за техничка инспекција продолжува да работи како Државен инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини во состав на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини; Државниот инспекторат за земјоделство и Државниот инспекторат за шумарство и ловство продолжуваат да работат во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат продолжува да работи во состав на Министерството за здравство, Државниот просветен инспекторат продолжува да работи како орган во состав на Министерството за образование и наука, Државниот инспекторат за труд продолжува да работи како орган во состав на Министерството за економија и труд, Државниот пазарен инспекторат продолжува да работи како орган во состав на Министерството за економија и труд, Државниот инспекторат за локална самоуправа продолжува да работи како орган во состав на Министерството за локална самоуправа, Државниот управен инспекторат продолжува да работи како орган во состав на Министерството за јавна администрација, Државниот инспекторат за транспорт, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот комунален инспекторат продолжуваат да работат како органи во состав на Министерството за транспорт и Државниот инспекторат за животна средина продолжува да работи како орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање. Novamakedonija