Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поденсе кривична пријава против К.Х поради исновано сомнение дека го сторил кривичното дело ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ по член 279 став 2 в.в со став 1 од Кривичниот законик . Пријавениот К.Х. во својство на сопственик и управител на Друштво за производство, трговија и услуги ХЕЛЕНА-М ДООЕЛ увоз-извоз Василево Струмица во периодот од 01.01.2019 година до 25.12.2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист акумулираната добивка во износ од 143.547.895 денари (која се намалува за пренесена загуба во износ од 107.153.008 денари, а која загуба се покрива од Резервите кои изнесуваат 33.038.978 денари, при што останува добивка за оданочување во износ од 63.086.473 денари на која се додава Добивката за фискалната година во износ од 4.185.559 денари), евидентирана во пасивата на Билансот на состојба неосновано ја присвоил за себе, меѓу другото не извршил отпис на застарени.
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против К. Х. во својство на сопственик и управител на Друштво за производство на конфекција, текстил и трикотажа ХЕЛЕНА ДООЕЛ увоз-извоз Василево Струмица поради затајување.