И ова ни е многу важно, затоа што во пресметката на БДП во услови на криза во автомобилската индустрија и намалено индустриско производство, во услови на намалена побарувачка на суровини од нашите рудници, странските инвестиции, туризмот, услугите и земјоделието се тие кои што треба да го покријат тој недостаток, односно таа разлика која што ќе се случува во БДП- истакна Мицкоски и најави дека во месец јуни со инвестицијата на Алказар Енерџи ќе се стави камен темелник на ветерниот парк во вредност од половина милијарда долари. Novamakedonija