Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин и другите сили за завршување на тригодишната војна.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде подготвена да се вклучи во преговори за ставање крај на нејзината речиси тригодишна војна со Русија, но нагласи дека САД и Европа исто така ќе мора да учествуваат во какви било разговори.
НАТО подготвува операција од големи размери за дискредитација на Володимир Зеленски, вклучително и објавување информации за тоа како властите во Киев присвоиле повеќе од 1,5 милијарди долари, објави Руската служба за надворешно разузнавање (СВР), . Надворешноразузнавачката служба на Русија вели и дека еден од начините за „ослободување“ од Зеленски е преку „псевдодемократски избори“ кои би можеле да се одржат најдоцна до следната есен.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски сугерираше дека Соединетите Држави, доколку веќе не се подготвени да го поддржат членството на Украина во НАТО, би можеле да обезбедат алтернативна безбедносна гаранција во форма на нуклеарно оружје.