САД ќе ја одложат примената на новите царини за канадските производи најмалку 30 дена, соопшти денеска канадскиот премиер Џастин Трудо по телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа потпиша указ за воведување царини за стоките увезени од Канада, Мексико и Кина.
Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа изјави дека Канада ќе воведе царина од 25 отсто на американските стоки во вредност од 155 милијарди канадски долари (106,5 милијарди американски долари) како одговор на американските царини.
Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум синоќа нареди контратарифи како одговор на одлуката на САД да воведат царини од 25 отсто за сите стоки што доаѓаат од Мексико.