„Се разбира дека имаме наши предлози кои ќе ги презентираме пред социјалните партнери.
ССМ одржа средби со претставници на Организацијата на работодавачи, на Бизнис конфедерацијата на работодавачи, со Стопанската комора на северозападна Македонија и ги знаеме до некаде и нивните првични гледишта по однос на нашите предлози. Nezavisen
„За жал, на денешната седница на ЕСС нема точка за зголемување на платите, туку има точка за синдикалната минимална кошничка.
Веројатно ќе не убедуваат дека добро се живее во Македонија и дека нема потреба од зголемување на платите. Skopjeinfo
Ако Владата помогне да субвенционира дел од придонесите тогаш можно е да се постигне и поголема минимална плата од 450 евра е ставот на работодавачите.
Минималната плата не е точка од дневниот ред на седницата на ЕСС, но, како што нагласија претставниците од Сојузот на синдикатите (ССМ) и од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), ќе се бара отворање и на ова прашање. Skopjeinfo
Треба нам, синдикалците, да ни биде срам да кажуваме помалку од она што работодавачите сакаат да ни го дадат.
Треба да најдеме начин, ако работодавачите имаат желба да се зголемат платите на сите вработени во приватниот сектор, да се изнајде решение со кое и Владата ќе субвенционира дел од придонесите како зголемување на платите на вработените или ќе бидат ослободени за временски период по кој потоа ќе плаќаат придонеси. Skopjeinfo
Тој напомена и дека наглото покачување на минималната плата е голем товар за микро, малите и средните фирми, особено во занаетчиската дејност.
За жал, на денешната седница на ЕСС нема точка за зголемување на платите, туку има точка за синдикалната минимална кошничка. Denesen
Во последно време се повеќе се зголемуваат цените на мало за основните прехранбени производи што се случува од 2021 – 2022 година, цените одат се погоре, заеднички треба да најдеме модел како да ги „зауздаме“ да може платите кога се покачуваат да имаат вредност и инфлацијата да биде на стабилно ниво.
Секако, ќе се разговара и за минималната плата за која има формула како трерба да се зголеми во март. Novamakedonija
Но, ќе потсетам, и денеска статистика пресметува близу 230 производи во нивната кошница кои се далеку понереални: ананас, јагоди, ореви, бадеми,… Она што ССМ го прави од 2010 година било и ќе биде критикувано од сите влади, но ако разговорите преминат од фаза на дискусија и идеи во фаза дека ќе ни докажат дека можеме да преживееме со далеку помалку, можеби ќе треба да се пресмета просечна кошница која ќе биде над 2 000 евра, која ќе ги отсликува реалните, а не минималните потреби, само тоа нема да им се допаѓа ни на Владата, ни на работодавачите- рече Трендафилов.
Укажувањата на седницата на ЕСС биле, рече, дека е потребно независно тело да пресметува потрошувачка кошница. Novamakedonija