Надзорната расправа во суштина произлегува од надзорната улога што ја има Собранието и е една алатка којашто ВМРО-ДПМНЕ генерално ја има почитувано многу повеќе отколку нашите политички опоненти.
Во вечерашното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, гостуваше пратеникот Тони Јаревски, кој дискутираше за надзорната улога на Собранието, политичката контрола и надзорот над Владата и над другите носители на јавни функции, што се одговорни пред Собранието како една од уставно утврдените надлежности на Собранието на Република Македонија, исто така стави акцент и на оние поважни механизми кои постојат за да се спроведува таа активност, како што се пратеничките прашања, интерпелацијата, анкетни комисии и надзорните расправи.