Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нема ништо лошо во идејата на Доналд Трамп за иселување на Палестинците од Појасот Газа, откако предлогот на американскиот претседател предизвика меѓународна критика.
Според американскиот државен секретар Марко Рубио претседателот на САД, Доналд Трамп предложил само привремено заминување на Палестинците од Газа, додека Појасот не биде расчистен и обновен, а не преземање на територијата од страна на Соединетите Американски Држави.
Турскиот шеф на дипломатијата го критикуваше предлогот на претседателот Доналд Трамп САД да го преземат Појасот Газа и да ги преселат Палестинците во други земји.
Секое принудно раселување или депортирање на луѓе од окупираната територија го прекршува меѓународното право, соопшти денеска Канцеларијата за човекови права на ОН (УНХР) како одговор на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на Палестинците од Појасот Газа и нивно преместување во Египет и Јордан.