На овој начин потврдуваме дека ја менуваме економската слика за државата која со години беше девастирана и покажуваме дека системот се менува и има промени и работиме на враќање на довербата во системот- рече Димитриеска – Кочоска.
Највисок износ на СДИ во 2024, нагласи, е забележан во четвртиот квартал, кога изнесуваа скоро 400 милиони евра, односно за 73,3 отсто повеќе во споредба со претходната година. Novamakedonija
При тоа е значајно дека растот на СДИ е изразен не само во апсолутни износи, туку и како учество во БДП.
Така во однос на проектираниот БДП за 2024 година, реализираните СДИ изнесуваат 8,1 отсто, што е највисок износ уште од 2007 година. Novamakedonija
Странските директни инвестиции во 2024 година во земјава изнесуваат 1,255 милијарди евра, што е двојно повеќе во однос на минатата година, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес – конференција во Владата повикувајќи се на податоците на Народната банка. Biznisvesti
Ваквиот тренд очекуваме да продолжи и во 2025 година.
Инвестициите се нашата база на која ги креираме политиките за раст на економијата, која е основата за подобрување на состојбите во земјата, вклучително и стандаредот на граѓаните. Nezavisen