Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари за литар, додека цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 отсто.
Регулаторната комисија за енергетика објави нови малопродажни цени на горивата, пти што се намалуваат цените на бензините, додека дизелот и другите нафтени деривати остануваат непроменети.