Обвинетите во случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје денеска се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, се гони за примање поткуп, додека, Блерим Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание.
Обвинетите во случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје денеска се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, се гони за примање поткуп, додека, Блерим Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание, објави МИА.
Поранешниот германски шампион Баер Леверкузен реши да се раздели со тренерот Ерик Тен Хаг по лошите резултати на стартот на сезоната. Тен Хаг добиваше жестоки критики поради играта на неговата екипа, па издржа само два меча во Бундеслигата.
Баер Леверкузен го отпушти холандскиот тренер Ерик тен Хаг откако го водеше тимот на само три натпревари. Наследникот на почитуваниот и трофеен Чаби Алонсо беше многу краткотраен.
Еден од најдобрите борци во мешани борешки вештини во последните години, Александар Волкановски, викендов беше вистински Македонец како својот татко, откако ја имаше улогата на девер на македонска свадба во Австралија. УФЦ ѕвездата одлично се снајде со сите традиционални обичаи, па на рамото имаше шишенце со ракија за сватовите, а добар беше и во играњето оро во дворот на куќата на невестата.
Фото: Screenshot ВИДЕО | Волкановски како вистински Македонец: Водеше оро на свадба во Австралија Aлександар Волкановски е еден од најдобрите борци во светот, имено такото на УФЦ ѕвездата е од Македонија, па така нашата традиција за Волкановски не е непозната и тоа го покажа на свадба во Австралија. Волкановски на свадбата беше во улога на девер и на објавената снмка можеше да се забележи дека ги почитува обичаите во дворот на куќата на невестата.
По повод почеток на новата учебна година, претседателот на Владата – Христијан Мицкоски го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода. „За мене претставува огромно задоволство и чест што можам денес да застанам пред вас.
Можеби за првпат после седум години, учениците во првиот училишен ден ќе ги имаат учебниците пред себе, нешто коешто е многу значајно, нешто коешто во минатото за жал изостануваше. Ја користам оваа прилика да им се извинам на родителите што пред повеќе од 15 години зборувавме за компјутер за секое дете а денес после 15 години зборуваме за учебник за секое дете, но ви ветувам дека преку нова дисциплина, а тоа е вештачката интелигенција со којашто ќе се запознаат нашите дечиња ќе можеме да зборуваме за иднината и за предизвиците коишто ни ги носи иднината, порача премиерот Христијан Мицкоски на првиот училишен ден, посакувајќи им среќен почеток на учебната година и успех на сите ученици во државата.
Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата сè уште доставуваат бројки.
Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки.
Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап не носи сигурност, туку неизвесност за правецот во кој треба да оди државата, истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Фејсбук објава.
„Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата – да бидеме исти и во зборовите и во делата.
Македонски параглајдерист спасен од албанската полиција во Корча Пограничната полиција од Корча му помогна на македонски параглајдерист кој, поради големото невреме вчера, бил однесен на албанска територија. Полицијата веднаш реагирала, го локализирала и спасила спортистот В.П., кој бил во добра здравствена состојба, соопшти Дирекцијата за миграција и граница од Корча.
Од: А1он Пограничната полиција од Корча му помогна на македонски параглајдерист кого го зафатило вчерашното големо невреме и го однело на албанска територија. Полицијата веднаш по дојавата реагирала брзо и професионално, го локализирала и спасила.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во неделата, по посетата на фабриката за муниција ВМЗ во Сопот, Бугарија, истакна дека поддршката на земјата за одбраната на Украина помага во одбраната на цела Европа. Гранатите се произведуваат тука во големи количини, не само за европски залихи, туку и за одбраната на Украина.
Урсула фон дер Лајен/ Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON Фон дер Лајен: Путин е „предатор“, Европа треба да инвестира во одбраната Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес го оцени рускиот претседател Владимир Путин како „предатор“ и истакна дека Европа треба да инвестира во силна одбрана. „Од искуство знаеме дека тоа може да се контролира само со силно одвраќање.
Германскиот бизнис весник „Ханделсблат“ пишува за растечкиот интерес за недвижности во Албанија, Црна Гора и Македонија. Туризмот, ниските цени и перспективата за ЕУ ги охрабруваат инвестициите и развојот на пазарот, пренесува „Дојче веле“.
Германски „Ханделсблат“ пишува за растечкиот интерес за недвижности во Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, каде што туризмот, ниските цени и ЕУ перспективата ги поттикнуваат инвестициите и развојот на пазарот. Во Црна Гора, поранешната тврдина Мамула, позната по својата мрачна историја, е претворена во луксузен хотел.
Рускиот претседател Владимир Путин денес се сретна со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во градот Тјанџин во северна Кина. Во руската делегација се министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, заменик-шефот на претседателската администрација Максим Орешкин, портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, министерот за транспорт Андреј Никитин, министерот за енергетика Сергеј Цивилев, директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка Дмитриј Шугаев, генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев и директорот на Росатом Алексеј Лихачев, пренесува Тас.
Рускиот претседател Владимир Путин денес се сретна со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во градот Тјанџин во северна Кина. Во руската делегација се министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, заменик-шефот на претседателската администрација Максим Орешкин, портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, министерот за транспорт Андреј Никитин, министерот за енергетика Сергеј Цивилев, директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка Дмитриј Шугаев, генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев и шефот на Росатом Алексеј Лихачев, пренесува Тасс.
Авионот со кој Фон дер Лајен патуваше до Пловдив (Бугарија) во неделата попладне остана без електронски помагала за навигација кога се приближи до пистата. Тројца службеници запознаени со инцидентот потврдија дека случајот се третира како руска операција на попречување.
Британскиот Фајненшл тајмс денес објави дека Русија најверојатно го оневозможила GPS-от во авионот на Урсула фон дер Лајен на летот од Варшава до Пловдив. Како што е наведено во нападот, GPS-навигациските услуги на бугарскиот аеродром биле оневозможени, што го принудило авионот на претседателот на ЕК да слета со користење на хартиени мапи.
Рудолф Џулијани / Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE Поранешниот градоначалник на Њујорк Џулијани хоспитализиран по сообраќајна несреќа во Њу Хемпшир Поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, беше хоспитализиран во недела вечерта по сообраќајна несреќа во близина на Манчестер во американската држава Њу Хемпшир, изјави неговиот портпарол Мајкл Рагуса. Во објава на ИКС Network, Рагуса се наведува дека 81 годишниот Џулијани, претрпел фрактура на пршлен и неколку посекотини откако друго возило со голема брзина го удрил неговиот изнајмен автомобил.
Поранешниот градоначалник на Њујорк и поранешен личен адвокат на Доналд Трамп – Руди Џулијани, е повреден во сообраќајна несреќа што се случила во американската држава Њу Хемпшир. Според информациите од локалната полиција, Џулијани (81) кој бил сопатник во автомобилот кој бил удрен одзади од друг автомобил во вечерните часови во саботата.
Поскапува дизелот, бензините со иста цена Од полноќ нови цени на горивата. Се зголемува цената на дизелот за половина денар, бензините остануваат со иста цена.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,00 ден/лит.
Грубата пресметка, која ја презентираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вели дека 1,3 милиони евра годишно досега оделе за TÜV потврди кои не требало да се бараат Од денеска ќе се применуваат европски стандарди при узвоз на возила. Грубата пресметка, која ја презентираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вели дека 1,3 милиони евра годишно досега оделе за TÜV потврди кои не требало да се бараат и тоа најголемиот дел од средствата оделе кај странски компании на кои им се плаќало.
Од: А1он Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата. Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини кое неодамна одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила на кој ги презентираше измените во постапките за одобрување на возила, кои ќе стапуваат во сила од денеска.
Венко Филипче грубо ја дезинформира јавноста, реагира министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. Филипче дали воопшто знае кои закони ги имаат донесено како влада и која штета ја имаат направено врз земјоделците?
„Венко Филипче грубо ја дезинформира јавноста. Филипче дали воопшто знае кои закони ги имаат донесено како влада и која штета ја имаат направено врз земјоделците?
Фото: Слободен печат Пожарот во Вардариште ставен под контрола Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола. Дел по дел ќе биде враќана електричната енергија во населбите каде денес попладне имаше прекин поради пожарот во депонијата Вардариште.
Денес попладне изби пожар во депонијата Вардариште. Од безбедносни причини исклучени се неколку далноводи поради што без напојување со електрична енергија останаа делови од населбите (или цели населби) Аеродром, Лисиче, Методија Андонов Ченто, индустриската зона, Кванташки пазар, Арачиново, Стајковци, Трубарево и Бунарџик.
Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески Деветмина полицајци кои го гаснеле пожарот кај „Борис Трајковски“ завршија на Токсикологија Деветмина полицајци кои го гаснеле пожарот што изби во непосредна близина на СЦ „Борис Трајковски“ завршија на Клиниката за Токсикологија поради вдишување на чад. Полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита денеска презеле мерки и активности со цел спречување на ширење пожар, кој денеска околу 16 часот изби во непосредна близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
МВР информира дека денеска околу 16:00 часот во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје настана пожар, при што и покрај неповолните временски услови, од страна на полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита, преземени се мерки и активности со цел спречување на ширење на истиот и зафаќање на моторни возила и објекти како и лизгалиштето што е во склоп на спортскиот центар. Исто така безбедно е направена евакуација на учесниците на турнирот и сите други спортски работници и публика.
Во чест на 40 години од првото емитување на култната детска серија „Бушава азбука“, на 31 август во 10:30 часот во Дебар Маало ќе биде откриен мурал посветен на овој вечен симбол на македонската детска култура. Со овој настан започнува прославата на јубилејот и најавата на нови содржини за најмладите.
„Бушавата азбука“ доби мурал. Во чест на 40 години од првото емитување на култната детска серија, утре во 10.30 часот во Дебар Маало ќе биде откриен мурал посветен на овој вечен симбол на македонската детска култура.
Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN Крај на сагата: Исак во рекорден трансфер потпишува за Ливерпул Стефан Даскалов Пред 4 минути По повеќе од еден месец шпекулации, преговори и неизвесност, трансферот на шведскиот голгетер Александар Исак конечно е договорен и тоа во последниот ден од преодниот рок. Напаѓачот од Њукасл се сели во редовите на Ливерпул за сума од 150 милиони евра, што претставува нов рекорд во Премиер лигата.
Сагата што траеше повеќе од еден месец конечно заврши. Александар Исак е играч на Ливерпул.
Фото: PSG ВИДЕО: Дали фудбалерот на ПСЖ вчера го постигна најубавиот хет-трик во историјата на фудбалот? Фудбалерите на Пари Сен Жермен вчера во третото коло од Лига 1 ја запишаа и третата победа и тоа со 6-3 против Тулуз.
Фото: PSG ВИДЕО: Дали фудбалерот на ПСЖ вчера го посигна најубавиот хет-трик во историјата на фудбалот? Фудбалерите н Пари Сен Жермен вчера во третото коло од Лига 1 ја запишаа и третата победа и тоа со 6-3 против Тулуз.
Словенија ја оправда улогата на фаворит и конечно дојде до првата победа на Евробаскетот, убедливо совладувајќи ја Белгија со 86-69 во третото коло од групната фаза. Главниот диригент на словенечката победа беше Лука Дончиќ, кој испиша историја со својот прв трипл-дабл во националниот дрес.
На теренот доминираше Лука Дончиќ кој за првпат во кариерата запиша трипл-дабл во дресот на репрезентацијата, но исто така Лука стана и само четвртиот кошаркар со двоцифрена бројка во три категории во историјата на европските првенства. Ѕвездата на Лејкерс ја заврши средбата со 26 поени, 10 скокови 11 асистенции и три украдени топки.
Фото: Андон Чибишев Чибишев: Не гаснете пожари без заштита, отровните гасови убиваат без предупредување Професорот Андон Чибишев од Универзитетската клиника за токсикологија апелира до граѓаните и до професионалците да не гаснат пожари доколку немаат соодветна заштитна опрема. „Жал ми што повторно морам да предупредам дека е крајно ризично, а и дека не треба да се вклучуваат во гаснење на пожари граѓани кои на никаков начин не се заштитени од штетното дејство на чадот и на отровните гасови.
Д-р Андон Чибишев изрази жалење што повторно мора да предупредува на опасностите при учество во гаснење на пожари. Тој истакна дека граѓаните кои не се заштитени од штетното дејство на чадот и отровните гасови, како јаглеродниот моноксид и цијанводородот, се изложени на смртна опасност.
Кралот Чарлс е познат по своите необични навики, а кога оди на викенд посети кај пријатели, со себе носи половина од својот мебел. Се чини неверојатно, но овие детали ги презентираше авторот Том Бауер во неговата книга „Бунтовничкиот крал“.
Од: А1он Кралот Чарлс е познат по своите необични склоности, а кога оди за викенд да ги посети пријателите, тој носи половина од својот мебел со себе. Изгледа неверојатно, но овие детали ги презентираше авторот Том Бауер во неговата книга „Бунтовничкиот крал“.