Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидерство на канадската владејачка Либерална партија и ќе го наследи Џастин Трудо на премиерската функција, покажаа официјалните резултати објавени во текот на викендот.
Поранешниот гувернер на Банката на Канада, Марк Карни, победи во трката за нов лидер на владејачката Либерална партија и ќе го замени Џастин Трудо како премиер, покажаа резултатите објавени во неделата(9 март). Карни ја презема премиерската функција во време кога Канада е вовлечена во трговска војна со својот долгогодишен сојузник САД , а оваа година се очекуваат и парламентарни избори.
Канадската Либерална партија ќе го објави името на наследникот на премиерот Џастин Трудо како лидер на партијата и владата, во услови на трговска војна со Соединетите Држави која може тешко да ја погоди канадската економија.