1 (6) ■ вести > македонија ■ 29-Mar 13:30 -> 29-Mar 14:18
.
.
.
.

Ќе се менува Законот за јавен ред и мир: Поголема контрола на огномети и пиротехнички средства

  • Јаревски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред за употреба на пиротехнички средства во затворен простор

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави измени на Законот за јавен ред и мир со цел да се воведе поголем ред и безбедност во употребата на пиротехнички средства, особено во затворен простор.

Изминатава недела бевме посветени на изнаоѓање на решенија кои во иднина нема да дозволат да ни се случат нови трагедии или хаварии.

7 (50) ■ вести > свет ■ 28-Mar 09:34 -> 29-Mar 13:16
.
.
.
.

Земјотресот во Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби

  • Најмалку еден загинат, еден исчезнат и 50 повредени во уривање на зграда во Бангкок по земјотресот

  • Најмалку 20 загинати и 300 повредени во земјотресот во Мјанмар, а 3 лица се загинати во Тајланд

  • Повеќе од 1.000 загинати во земјотресот во Мјанмар

Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби, изјави геологот Џес Феникс за Си-ен-ен. Таа додаде дека последователните потреси би можеле да траат со месеци бидејќи индиската тектонска плоча продолжува да се спушта под евроазиската плоча во регионот на Мјанмар.

Најмалку едно лице загина, а 50 други се повредени откако висококатница во изградба се урна во Бангкок по силниот земјотрес што во петокот го погоди соседен Мјанмар, соопштија тајландските власти.

Според д-р Кјав Зин од општата болница во градот Мандалеј, во тој град загинале најмалку 20 луѓе, а 300 се повредени.

Повеќе од 1.000 луѓе ги загубија животите во разорниот земјотрес што го погоди Мјанмар, додека спасувачите продолжуваат очајнички да бараат преживеани под урнатините.

10 (10) ■ вести > свет ■ 29-Mar 07:55 -> 29-Mar 14:06
.
.
.
.

Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“

  • Рубио го потврди де факто распуштањето на УСАИД

Стејт департментот денеска официјално го извести Конгресот на САД дека ја распушта Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и дека ќе преземе дел од функциите на УСАИД, јавува Си-Ен-Ен. Реорганизацијата на УСАИД ќе биде завршена до 1 јули, објави Стејт департментот, со што ќе се запечати судбината на агенцијата која се бореше против сиромаштијата и е позната ширум светот.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потврди де факто распуштањето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) како дел од драстичното намалување на американската странска помош, одлука која е критикувана во многу земји и од голем број хуманитарни организации.

11 (52) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Mar 13:57 -> 29-Mar 13:29
.
.
.
.

СДСМ: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

  • МЖСПП: 200 илјади евра казна за БУЛМАК поради истекување технолошка вода

  • Митовски: По хаваријата во „Тораница“ 10 пати зголемена концентрација на олово во Крива Река, бараме кривична одговорност

  • Дали Државниот инспекторат за животна средина прикривал информации за еколошкиот инцидент во Крива Река, прашуваат од СДСМ

Излевањето на тешки метали од рудникот Тораница во Крива Река може да биде една од најголемите еколошки катастрофи во поновата историја, предупредува опозициската СДСМ.

БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка е казнет со 200 илјади евра за инцидент во кој пукнала цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација.

Извештајот од испитаните примероци на водата во Крива Река земени еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ покажува дека концентрацијата на олово е зголемена за десет пати повеќе од дозволеното, а за неколку стотици пати на цијанид, фосфор и азот, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

Постојат сериозни сомнежи дека државните институции свесно прикривале информации и намерно ја дезинформирале јавноста во врска со еколошкиот инцидент на 14 март во Крива Река, во која, според извештајот од испитаните примероци еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ за десет пати повеќе од дозволеното е зголемена концентрацијата на олово, а за неколку стотици пати на цијанид, фосфор и азот.

12 (7) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 27-Mar 11:40 -> 29-Mar 12:18
.
.
.
.

Фатени крадци во кругот на поранешен Тутунски комбинат – Куманово

  • Кривична против три лица од Куманово, за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста

Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска во 01.30 часот ги лишиле од слобода Н.Р. (42) од Куманово, Т.И.(33) од Виница и двајца малолетници кои биле затекнати во објект во кругот на поранешен Тутунски комбинат – Куманово при обид да одземат предмети.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(36) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против Џ.Ш.(57) и С.М.(31), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

13 (7) ■ вести > свет ■ 29-Mar 09:32 -> 29-Mar 11:21
.
.
.
.

Маск го продаде Икс на својата компанија за вештачка интелигенција

  • МАСК Ѝ ГО ПРОДАДЕ ИКС НА СВОЈАТА КОМПАНИЈА ИКС АИ Комбинација за поинтелигентни искуства на милијарди луѓе

Милијардерот Илон Маск објави дека ја продаде својата социјална платформа „Икс“ (Х) на својата компанија за вештачка интелигенција „икс ЕјАј“ (xAИ). Маск на својот „Икс“ профил прецизираше дека договорот за сите акции е во вредност од 45 милијарди долари, вклучително и долгот од 12 милијарди долари.

Милијардерот Илон Маск објави дека ја продаде својата социјална платформа Икс на својата компанија за вештачка интелигенција Икс АИ. Маск на својот профил на Икс прецизираше дека договорот за сите акции е во вредност од 45 милијарди долари, вклучително и долгот од 12 милијарди долари.

Повеќе од
оваа категорија

16 (36) ■ спорт > фудбал ■ 27-Mar 08:40 -> 29-Mar 11:24
.
.
.
.

Големо изненадување во Мајами – Ѓоковиќ доби неочекуван ривал во финалето!

  • Ѓоковиќ: Му се восхитувам на Меси, првпат ме гледаше во живо

  • Ѓоковиќ преку Корда до полуфинале во Мајами

  • Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Му одзеде уште еден на Федерер

Откако Новак Ѓоковиќ убедливо го елиминира Григор Димитров и влезе во финалето на Мастерсот во Мајами, во текот на ноќта се одигра и второто полуфинале во Флорида.

Новак Ѓоковиќ одигра одличен меч и со 2-0 во сетови го победи Григор Димитров за пласман во финалето на турнирот во Мајами каде што ќе води битка за својата 100-та тиула во кариерата.

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ стигна до полуфиналето на АТП мастерс 1000 турнирот во Мајами.

Новак Ѓоковиќ продолжува да бележи победи на Мастерсот во Мајами и да поставуваат рекорди.

Повеќе од
оваа категорија