Како професор, работејќи на состојбите во надворешната трговија, Кикеркова нагласи дека постојат два проблема што го отежнуваат брзиот премин на границите: 1) процесот на дигитализација на царинското работење, при што Македонија е пред земјите од Западен Балкан, што создава проблем затоа што не може да се поврзе со другите земји бидејќи во регионот нема такви платформи за царинско работење, па затоа документите мора да се издаваат и во електронска и во хартиена форма, што го зголемува чекањето на границите за најмалку 2 часа и 2) непризнавањето на статусот на овластениот економски оператор, но не само кај нас, туку и во Европа, затоа што не постои меѓународно признавање на националниот статус , кој гарантира за документите на товарните возила, што би значело брзо поминување на товарните возила по зелената лента на граничните премини, без да се проверуваат нивната документација и нивниот товар. Plusinfo