Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежите за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Како што информираат од собраниската прес-служба, со седницата ќе претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
Членот на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР пратеникот Љупчо Пренџов денеска јавно го повика претседателот на Комисијата Скендер Реџепи од европскиот фронт да закаже итна седница во врска со актуелните сомнежите за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани, истакна Пренџов.
„ЈО да не молчи, истрага за следењето и прислушкувањето веднаш, и одговорност за извршителите и наредбодавачите. ЈО на Љупчо Коцевски молчи со денови откако се обзнани скандалозно следење на службите на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
ЈО да не молчи, истрага за следењето и прислушкувањето веднаш, и одговорност за извршителите и наредбодавачите. ЈО на Љупчо Коцевски молчи со денови откако се обзнани скандалозно следење на службите на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ . Петрушевски прашува дали обвинителот Коцевски молчи, затоа што бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против уште едно лице за сторени – Тешки дела против општата сигурност. „И овој обвинет се товари за сопствен особен придонес, бидејќи заедно со повеќе одговорни и службени лица за кои веќе е поднесен обвинителен акт кој е во фаза на оценка, како и со други за сега „непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери.
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против уште едно лице за сторени – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 3 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. И овој обвинет се товари за сопствен особен придонес, бидејќи заедно со повеќе одговорни и службени лица за кои веќе е поднесен обвинителен акт кој е во фаза на оценка, како и со други за сега непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери.
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен Здравиот има многу желби, а болниот само една – да оздрави. Пациентите и нивните семејства имале доверба во обвинетите дека ќе добијат соодветна терапија, но таа доверба е изневерена, изјави обвинителката Ана Гоговска Јакимовска на почетокот на судскиот процес за случајот „Онкологија“.
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти денеска пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека не се чувствува за виновен. Не, апсолутно не, одговори Васев, на прашање од Судот дали се чувствува виновен за кривичните дела кои му се ставаат на товар.
Над 150.000 граѓани се трујат 4 години во континуитет поради нив. Четири години неспособната локална власт на ДПМНЕ не успева да реши една дива депонија што шири зараза и смрт.
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Каја Шукова, денеска, на прес-конференција претстави план за решавање на дивата депонија Вардариште, за кој појасни дека би се реализирал во две фази. Граѓаните вчера на протест јасно порачаа – доста е со труењето од Вардариште.
Од: А1он Власта да не бега од вистината, АНБ веднаш да направи декласификација на целата документација поврзана со случајот кој се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување. Не е точно дека преку судска постапка треба да се декласифицирата документите, тоа е само алиби, параван зад кој се крие вистинската намера на власта, се вели во соопштението од СДСМ.
Од: А1он СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување. Oсобено по контрадикторните изјави на Мицкоски и Христовски.
Од: А1он Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен да разговара со Володимир Зеленски ако претседателот на Украина дојде во Москва, но додаде дека останува да се види дали таквата средба би имала смисла. Зеленски инсистира да се сретне со Путин за да разговара за условите на евентуалниот договор, додека американскиот претседател Доналд Трамп, кој се обидува да посредува во мировен договор, рече дека сака двајцата лидери да се сретнат.
Од: А1он Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Москва е неприфатлив, соопшти денес украинската влада. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека најмалку седум земји, вклучувајќи ги Австрија, Ватикан, Швајцарија и три земји од Персискиот Залив, се подготвени да бидат домаќини на средба меѓу Зеленски и Путин, објави Ројтерс.
Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога 140-годишната жичница Глорија, една од главните туристички атракции во Лисабон, излета од шините. Уште 18 лица се однесени во болница, од кои пет се во сериозна состојба, потврдија службите за итни случаи.
Најмалку 15 лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени кога популарната туристичка атракција во Лисабон, жичарницата Глорија, излета од шините и се урна, соопшти португалската полиција. Шефот на португалската служба за цивилна заштита изјави дека неколку лица се заробени, а девет лица се во сериозна животно загрозувачка состојба.
Русија ќе ги врати своите замрзнати средства на Запад во натура, односно со територија, кои беа предадени на Украина. Ова го коментираше заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев по повод предавањето на Лондон на Киев на 1,3 милијарди долари профит од руски средства.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека Русија ќе го врати својот замрзнат имот на Запад, префрлен во Украина, во природна форма, односно во земја. Коментарот на Медведев доаѓа откако Лондон префрли 1,3 милијарди долари профит од користењето на замрзнатите руски средства во Киев.
Аргентина ја победи Венецуела со 3:0 во квалификациите за Светското првенство, а Лионел Меси (38) постигна два гола во натпреварот што беше најавен како последен натпревар на Лионел Меси во дресот на репрезентацијата дома. No player in football history has a better moment like this.
На стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес се собраа 85 илјади гледачи кои два часа му скандираа и пееја на својот миленик и му се поклонија за сето она што го направи во двете децении како репрезентативец. Некогашната суперѕвезда на Барселона не можеше да сокрие емоциите, колку и да се обидуваше се гледаше дека солзите навираат и дека не е имун на љубовта која ја добива од навивачите.
Следете го во ЖИВО соочување на Еурофарм Пелистер и Вардар во Суперкупот на Македонија.
Фото: RK Vardar/FB Чупиќ: Суперкупот е поразличен, ова е битка за трофеј Со денешниот натпревар помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер и официјално започнува новата ракометна сезона кај нас, а битката ќе се води во салата „Јасмин“ во Кавадарци. Минатата сезона Вардар ја заврши со пораз на домашен од големиот ривал со кој ја загуби титулата, па сега сигурно посакуваат и подобар почеток на новата.
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, трет носител на турнирот, обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ W50 турнирот во Слобозија, Романија, кој се игра за награден фонд од 40.000 долари. Во денешниот четвртфинален дуел, Ѓорческа ја совлада Хрватката Луција Ќириќ – Багариќ со 2-1 во сетови, по 100 минути игра.
Фото: mtftennis.mk Ѓорческа фуриозно во Романија: Загуби само два гема и обезбеди четвртфинале Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја оправда фаворитската улога во денешниот меч од второто коло на турнирот во Слобозија, Романија што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Таа како трета носителка без поголеми проблеми ја совлада домашната тенисерка Бјанка Барбулеску со 2-0 во сетови (6-2 6-0) за 65 минути игра.
Модниот дизајнер Џорџо Армани почина на 92-годишна возраст. Неговата компанија ја потврди веста со кратко соопштение: „Со бескрајна тага, групацијата Армани ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила: Џорџо Армани“.
Целиот моден свет жали поради смртта на легендарниот италијански дизајнер Џорџо Армани, кој почина мирно, на 91 година, опкружен со своето семејство, соопшти денеска модната куќа „Армани груп“, објави „Дејли мејл“. Веста предизвика лавина реакции низ социјалните мрежи – модели, славни личности и модни уметници од целиот свет упатија последни поздрави и зборови на благодарност за човекот кој засекогаш го обележа модерниот италијански стил.