Владата ќе ја продолжи дискусијата со администрацијата на САД за воспоставување слободна трговија, вели министерката за финансии во изјава за медиуми од Економскиот форум во Делфи, на кој во економскиот дел во фокусот се последните одлуки на САД за царините. Fokus
Тука се присутни претставници и од Светска Банка и од ММФ, од ЕБОР и гледам една смиреност кај нив.
Мислам дека работите за брзо време ќе се вратат во нормала. Fokus
Заклучоците од економистите на Форумот се дека ова е крајот на глобализацијата и дека економистите се едногласни оти Америка најмногу ќе страда бидејќи очекуваат инфлација таму и многу низок раст на економијата“, рече Димитриеска-Кочоска.
Таа најави дека следната недела патува во Вашингтон на Пролетни средби на ММФ и Светска банка каде ќе ја искористи можноста за средба во Трезорот на САД. Fokus