На протестот очекуваме да се придружат сите кои ја поддржуваат работничката борба за достоинствени плати и пристојни услови за работа.
ССМ упатува повик до сите, до работниците, заедно да излеземе на работнички протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот и заедно да побараме зголемување на минималната плата на 500 евра, зголемување на останатите плати за 100 евра, зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 12,6 отсто согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор“, се вели во соопштението. Faktor