Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска соопшти дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина, како и по Нацрт-стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај 2025 година. Nezavisen
Воедно, во тек е и изработка на два нови законски текста – Законот за рударство и Законот за геолошки истражувања, за кои исто така ќе следуваат јавни консултации.
По барање на граѓански организации, рокот за поднесување забелешки по Нацрт-Стратегијата и Извештајот за стратегиска оцена на животната средина беше продолжен до 1 мај 2025 година, со цел да се излезе во пресрет на заинтересираните и да се овозможи навистина отворен и транспарентен процес. Nezavisen