Одделот за домашна безбедност се закани дека ќе му забрани на Универзитетот Харвард да запишува странски студенти, откако институцијата соопшти дека нема да потклекне пред барањата на администрацијата на Трамп, да ги предаде дисциплинските досиеја, објави Би-би-си, пренесува ЦивилМедиа.
Американското Министерство за образование синоќа објави дека ја замрзнува федералната поддршка за Харвард универзитет во износ од приближно 2,3 милијарди долари.
Американското Министерство за образование соопшти дека замрзнува околу 2,3 милијарди американски долари федерално финансирање на Универзитетот Харвард поради одлуката на универзитетот да се бори против барањата на Белата куќа, вклучително и затворање на неговата програма за различност, правичност и инклузија.