Корените извираат одамна, а позначајно од глобалната финансиска криза во 2009 година и формирањето на БРИКС (иницијално Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, а сега во проширен состав со Египет, Етиопија, Индонезија, Иран и Обединетите Арапски Емирати). Но, Трамп е еднинствениот американски претседател кој отворено кажува дека одржливоста на економијата во САД веќе подолг временски период е доведена во прашање, односно дека ја губат доминацијата како светска економска сила.