Во својата најнова глобална прогноза, ММФ предвидува дека светската економија ќе порасне за 2,8% оваа година, што е намалување во однос на претходната проценка од 3,3%. Најголем пад меѓу развиените економии забележаа Соединетите Американски Држави – сега се очекува раст од 1,8% во споредба со претходната процена од 2,7%. Прогнозата за раст за Обединетото Кралство е исто така намалена – од претходните 1,6% на 1,1% во 2025 година. Kajgana