Според податоците од JATO Dynamics, BYD регистрирал 7.231 целосно електрични возила во април 2025 година, надминувајќи ја продажбата на Tesla од 7.165 единици во 28 европски земји. Lokalno
"BYD", кој покрај електрични возила произведува и "plug-in" хибриди, во април регистрирал 7.321 електрично возило во Европа, додека "Tesla" регистрирала 7.165.„Ова е пресвртница за европскиот автомобилски пазар, особено ако се има предвид дека "Tesla" со години го водеше европскиот пазар на батериски електрични возила (BEV), додека "BYD" официјално започна со активности надвор од Норвешка и Холандија дури кон крајот на 2022 година“, изјави глобалниот аналитичар на "JATO Dynamics", Фелипе Муњоз. Tocka
Кинескиот производител на автомобили BYD за првпат продал повеќе електрични возила во Европа од Tesla, според извештајот на компанијата за истражување на пазарот JATO Dynamics.Според извештајот, застарената понуда на модели и политичките ставови на извршниот директор Илон Маск ја нарушиле побарувачката за возилата на американскиот производител на електрични возила.BYD, кој исто така произведува и plug-in хибридни возила, регистрирал 7.231 батериско електрично возило (BEV) во Европа во април, додека Tesla регистрирала 7.165 возила, наведува истражувачката компанија, цитирана од Reuters.„Ова е пресвртна точка за европскиот автомобилски пазар, особено ако се земе предвид дека Tesla со години беше водечки производител на BEV возила во Европа, додека BYD официјално започна со работа надвор од Норвешка и Холандија дури на крајот од 2022 година“, изјави Фелипе Муњоз, глобален аналитичар во JATO Dynamics.Побарувачката за електрични возила во Европа останува стабилна.
Регистрациите на батериски електрични возила пораснале за 28% во април споредено со минатата година, главно благодарение на кинеските автомобилски марки.И покрај воведувањето на царини од страна на Европската Унија за електричните возила произведени во Кина, регистрациите на вакви возила пораснале за 59% во текот на месецот споредено со минатата година, додека производителите од Европа, Јапонија, Јужна Кореја и САД забележале раст од 26%.Tesla минатата година за првпат забележа пад на годишните испораки, а аналитичарите очекуваат уште еден пад оваа година по намалувањето од 13% во првиот квартал. 24auto
Продажбата на возила BYD во Европа скокна за неверојатни 359 проценти во споредба со април минатата година, додека Tesla доживеа пад од 49 проценти во истиот период.
Овој драматичен раст доаѓа и покрај тоа што BYD плаќа царина од 17 проценти за своите возила увезени во Европската Унија, додека Tesla плаќа значително пониска царина од само 7,8 проценти.BYD го освои европскиот пазар за кратко времеФелипе Муњоз, глобален аналитичар за автомобилската индустрија во агенцијата Jato Dynamics, истакна дека важноста на овој развој не се одразува само во бројките, туку и во фактот дека BYD е релативно нов играч на европскиот пазар. Vecer