Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во врска со програмите ИПАРД.„Како од лидери во искористеност на ИПАРД, ВМРО ДПМНЕ ја доведе во прашање акредитацијата за европските фондови?“, праша Николовски, наведувајќи дека деновиве ова прашање ќе биде актуелно бидејќи има мониторинг мисија на ИПАРД.„ИПАРД 1 беше тотално неуспешна.
Со еден збор наследивме катастрофа, ова не е моја лична констатација, туку ова е констатација низ бројките кои што ги наследивме според сите статистики кои што говорат за вашето владеење, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при одговарање на пратеничкото прашање на Љупчо Николовски.