1 (3) ■ вести > македонија ■ 21-Jul 18:59 -> 21-Jul 19:30
.

Алкалоид ги запали моторите, Мукаетов им посака среќа на избраниците на Лазаров (Фото)

  • Алкалоид со нови цели прв означи старт, Мукаетов му посака среќа на тимот

Ракометниот клуб Алкалоид прв ги запали моторите за новата натпреварувачка сезона, а во лето во кое ќе има и голем предизвик во бараж колото за Европската лига на ЕХФ, тимот од Автокоманда реши да го забрза процесот на загревање за тоа што следи.

Македонскиот суперлигаш Алкалоид со вкупно 23 ракометари на број ги започна подготовките за сезоната 2025/26 во која ќе игра на домашната сцена во Суперлигата, како и во Европската Лига на ЕХФ каде чека квалификациски двомеч со од Бундеслигата.

3 (2) ■ вести > македонија ■ 21-Jul 19:15 -> 21-Jul 19:24
.
.
.

Двата ер-трактори на ДЗС активирани во пожарите кај Преспанско езеро, Желино и Еребино

  • Полициски хеликоптер дејствува врз пожарот во прилепско, се упатува и армиски хеликоптер

Еден авион ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно дејствуваше попладнево со повеќе налети врз пожарот кој беснее во близина на Преспанското Езеро, додека вториот ер-трактор беше ангажиран на фронтот кај Желино и селото Еребино, каде огнената стихија зафати голема површина од сува вегетација и нискостеблеста шума, инфомираше директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов информираше дека врз пожарот до Преспанското езеро во повеќе наврати дејствувал еден Ер трактор на Дирекцијата, додека вториот Ер трактор врз пожарот кај Желино и Еребино.

8 (26) ■ вести > македонија > политика > граѓани ■ 19-Jul 15:54 -> 21-Jul 16:03
.
.
.
.

ГАШИ: Треба да има правосилна судска пресуда за да почне постапка за разрешување на Димитровска, претседателката на ДКСК

  • Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата

  • Претседателката на ДКСК не доаѓа на работа, парламентарците молчат за нејзино разрешување

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат.

Откако Јавното обвинителство објави дека кривично ќе ја гони актуелната претседателка на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, експертската јавност оценува дека таа треба сериозно да размисли за повлекување од функцијата..

Собранието на Република Северна Македонија е институцијата која носи одлука за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

65 (2) ■ бизнис > претприемништво ■ 21-Jul 16:13 -> 21-Jul 16:21
.
.
.
.

Вредноста на кинеската индустрија за вештачка интелигенција достигна речиси 100 милијарди долари

  • ▷ Кинеската индустрија за вештачка интелигенција достигна речиси 100 милијарди долари

Вредноста на кинеската индустрија за вештачка интелигенција (ВИ) минатата година достигна 700 милијарди јуани (околу 97,5 милијарди долари), со стабилен годишен раст од 20 отсто, покажува денеска објавениот извештај на Кинескиот центар за информативни мрежи (ЦННИЦ). Кинеската ВИ алатка „Дип сик“ само 20 дена по објавувањето привлече повеќе од 30 милиони активни дневни корисници и го зазеде првото место на ранг-листите на најпопуларни апликации во 140 земји, пренесува „Глобал Тајмс“.

Според извештајот објавен денес од Кинескиот центар за информативни мрежи (ЦННИЦ), кинеската индустрија за вештачка интелигенција (ВИ) забележа импресивен раст во изминатата година, достигнувајќи вредност од 700 милијарди јуани (приближно 97,5 милијарди американски долари). Ова претставува континуиран годишен пораст од 20 отсто.

138 (4) ■ сцена > култура ■ 20-Jul 10:58 -> 21-Jul 11:46
.
.
.
.

БЕРЛИН Е СИРОМАШЕН, НО СЕКСИ Во Охрид промовирана збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми

  • „Берлин, градот што не го засакав на прва“ – наградената дебитантска книга од Енис Хилми промовирана во Охрид

Пред многубројна домашна публика и гости, синоќа во Охрид беше промовирана збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“, на Енис Хилми, добитник на наградата „Новите“ од издавачката куќа Темплум, за најдобар дебитантски прозен ракопис во 2024 година.

Пред многубројна домашна публика и гости, викендов, во Охрид беше промовирана збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“, на Енис Хилми, добитник на наградата „Новите“ од издавачката куќа Темплум, за најдобар дебитантски прозен ракопис во 2024 година.