Со нов инвестициски циклус во дигитализација на процесите, имплементација на модели базирани на вештачка интелигенција и нови производи по највисоките еколошки стандарди, ТИТАН Усје ќе го одбележи 70-годишниот јубилеј. Kurir
Имено, компанијата е прва во инсталирање на капацитети за употреба на алтернативни горива за енергија, со што значително се намалија емисиите на CO₂. Покрај тоа неодамна беше пуштена во употреба и фотоволтаична централа, со што емисиите на CO₂ се намалија за над 10 %. Едно од клучните достигнувања е развојот на автономен систем за оптимизација на производството во реално време, преку што значително се зголеми ефикасноста на производството, се намали потрошувачката на енергија и се подобри квалитетот на производите.
Во изминатите децении ТИТАН Усје во континуитет работеше на поддршка и развој на заедницата. Opserver