Измената, како што информираа од Министерството за финансии, е дел од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година со која е предвидено постепена хармонизација на царинските стапки со стапките кои се применуваат во Европската Унија (ЕУ), адаптирано на извозно-увозните потреби на стопанството и на државата.
Оттука, во рамки на предвидената постепена хармонизација, во јули 2025 година ќе се изврши намалување за 50 отсто на разликата помеѓу царинските стапки што се применуваат за увоз на предметните стоки кај нас и царинските стапки за истите кои важат во ЕУ, со интенција за понатамошно доусогласување, велат од Министерството. Emagazin
Со намалувањето на царинските стапки директно ќе се помогне во секторите на автомобилска, метало-преработувачката индустрија, металургијата и енергетиката.
Со предложените законски измени е опфатено намалување и на царинските стапки за литиум јонски батерии за складирање на електрична енергија во секторот енергетика. Skopjeinfo