Првата група пациенти, повредени во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, следната недела се очекува да го завшри своето лекување во одморалиштето Пониква, а втората група со третман се очекува да започне кон средината на следниот месец.
Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од државата, двајца се лекуваат во Турција и еден во Словенија, а втората група повредени на Пониква заминува од средина на јули, информираше денеска министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство.
Во моментов 70 проценти од пациенти од терцијарно ниво треба да бидат на секундарно здравство, подвлече денеска министерот за здравство Азир Алиу, повикувајќи се на стручни медицински експерти во одговор на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство.
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја претстави новата алатка „Отворен кабинет“, која, според него, претставува прв чекор кон изградба на здравствен систем што комуницира директно со граѓаните, работи со интегритет и се води од доверба.– Вистинската реформа почнува тогаш кога институцијата престанува да зборува сама со себе и почнува да го слуша народот со отворен ум и јасна намера за промена – изјави министерот Алиу, нагласувајќи дека не станува збор само за нова веб-страница, туку за трансформација на односот помеѓу граѓанинот и институцијата.