Норвешките пратеници вчера го потврдија воведувањето на туристички данок за да помогнат во финансирањето на надградбите и подобрувањата на инфраструктурата.Патем, ова се случува во време кога таа земја бележи вистински туристички „бум“, што носи сериозни последици.
Минатата година, Норвешка забележа рекордни 38,4 милиони ноќевања, од кои 12 милиони беа странски туристи, покажуваат официјалните бројки.