Индексот на трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, бележи зголемување од 3,3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,6 %. Зголемувањето на инфлацијата во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 4,1 %, Разновидни стоки и услуги за 1,5 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,8 %, Облека и обувки за 0,5 %, Рекреација и култура за 0,4 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива и Здравје за 0,1 %. Во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3,6 %, Ресторани и хотели за 0,2 % и Комуникации за 0,1 %. Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Libertas