1 (17) ■ вести > македонија ■ 01-Feb 13:46 -> 01-Feb 16:10
.
.
.
.

Големите маркети вчера со намален промет за 47 отсто

  • Бојкотот го преполови прометот на маркетите, УЈП ги објави податоците

Во осумте поголеми синџири на маркети вчера е забележан пад на вкупниот промет за 46,59 отсто во споредба на минатиот петок, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, вчера е забележан и пад од 46,29 проценти на вкупниот промет на осумте поголеми синџири на маркети во споредба со завчера.

Управата за јавни приходи го објави прометот на осумет најголеми трговски ланци во земјава на денот на бојкотот, но и ден претходно како и минатиот петок.

4 (4) ■ вести > балкан > регион ■ 01-Feb 15:17 -> 01-Feb 15:53
.
.
.
.

Студенти од Хрватска со протестен молк ги поддржаа српските колеги

  • Студентите од три хрватски градови со протестен молк ги поддржаа своите колеги во Србија

Со петнаесетминутно молчење и порака дека „солидарноста не познава граници“, студенти во Загреб, Сплит и Осиек денеска изразија солидарност и поддршка за своите колеги во Србија кои протестираат повеќе од два месеца по падот на бетонска настрешпница на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица.

Со петнаесетминутно молчење и порака дека „солидарноста не познава граници“, студенти во Загреб, Сплит и Осиек денеска изразија солидарност и поддршка за своите колеги во Србија кои протестираат повеќе од два месеца по падот на бетонска настрешпница на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица.

12 (6) ■ вести > македонија ■ 01-Feb 12:17 -> 01-Feb 14:54
.
.
.
.

Поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, предупредува Шукова

  • Шукова: Парното поскапува заради неспособноста на Владата, стандардот на граѓани во слободен пад

Потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, предупреди дека поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, бидејќи граѓаните ќе бидат принудени да користат алтернативни и многу поштетни извори на греење, што ќе го зголеми загадувањето.

Во време кога животот е сѐ поскап, кога граѓаните секојдневно се борат за да го задржат својот животен стандард, Владата зададе нов силен удар врз нив – драстично поскапување на парното греење од над 5%! Ова е директен удар врз семејните буџети, во време кога трошоците за живот експлодираат, а платите остануваат исти, рече потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова на денешната прес конференција.

14 (34) ■ вести > македонија ■ 31-Jan 09:06 -> 01-Feb 17:30
.
.
.
.

Граѓаните во Скопје и денеска запалија свеќи за Фросина Кулакова

  • Другарка на Фросина: Фроси, ти си херојка во сите нас

  • Таткото на загинатата Фросина: Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството

  • Во чест на Фросина, Неготино излегува на мирен собир денес во 15 часот на плоштад: До кога ќе палиме свеќи за невини жртви?

Со палење свеќи и положување цвеќе, граѓаните и денеска и оддадоа почит нa Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена додека поминуваше пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје.

Граѓаните на Неготино денес излегоа на протест за да ја искажат својата болка и гнев по трагичната смрт на 22 годишната Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачки премин во Скопје.

На протест во Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на ул. „Партизанска“ во Скопје, попладнево беше побара одговорност за трагедијата и упатени пораки да се спречат идни, исто така и побезбедни улици, поголема свесност од сите.

Во чест на починатата Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена на пешачки премин во Скопје завчера, од страна на 20-годишник кој пијан, без возачка дозвола возел со брзина од над 120 километри на час, и поминал на црвено, денес во нејзиниот роден град ќе се одржи мирен собир на граѓани.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

186 (5) ■ бизнис > економија ■ 30-Jan 17:48 -> 30-Jan 20:12
.
.
.
.

РАБОТНИЦИТЕ ЧЕКААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛЕЦОТ: Мицкоски кажа дека него ќе го договорат работниците и работодавачите

  • Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе изнесувала над 500 евра, изјави дека иако на Владата најмногу би му одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе изнесувала над 500 евра истакна дека иако на Владата најмногу би му одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.

180 (6) ■ сцена > култура ■ 30-Jan 07:55 -> 30-Jan 15:15
.
.
.
.

КОМЕМОРАЦИЈА ЗА КОЛЕ МАНЕВ ВО ДЛУМ: Македонската култура останува посиромашна за еден голем човек и извонреден уметник

  • Комеморативна седница за уметникот, режисер и писател Коле Манев

Друштвото на ликовни уметници на Македонија денеска организира комеморативна седница за уметникот Коле Манев (1941-2025), член и поранешен претседател на ДЛУМ.

Без разлика дали работеше во сликарството, културата или литературата неговите дела ја доловуваат душата на неговото време и ја пресликуваат секоја болка, секоја радост и секоја надеж, а неговото творештво говори за универзалноста на неговите величини и изрази, беше посочено на денешната комеморативна седница во Националната галерија Даут пашин амам за уметникот, режисер и писател Коле Манев, кој почина на 22 јануари годинава.