До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани за околу година и пол.
Mинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, вели дека со новиот Закон за енергетика се имплементира европското аки и се транспонира пакетот за чиста енергија, што значи дека се прифаќа се што е добра практика од Европската Унија.
Со цел подобро информирање на јавноста и потемелно запознавање со новините што ги носи новиот Закон за енергетика, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја започнува серијата отворени брифинзи и дискусии со енергетските чинители, институциите и медиумите.