По интензивирањето на вооружениот судир меѓу Израел и Иран, иранските власти вчера испратија заканувачка порака до меѓународната заедница, најавувајќи потенцијално лансирање на ракетата „Хаибар“.
Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори, ги негираше израелските извештаи дека Техеран лансирал дронови кон Израел, додавајќи дека иранската одмазда „ќе се случи во блиска иднина“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп за „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal) изјави дека Вашингтон не бил предупреден, но бил свесен за израелските планови за напад врз Иран.
Фото: ЕПА Израел утрово соопшти дека го нападнал Иран, а иранските медиуми објавија дека во Техеран се слушнале експлозии.