Премиерот Христијан Мицкоски очекува според последните индикатори во економијата во вториот квартал да има висок раст на домашниот БДП.
Сите индикатори што се објавуваат за првиот месец од вториот квартал се вонредно високи, тоа е четврти квартал од оваа Влада, што може да укаже на тоа дека состојбата е стабилизира во рамките на нула, не велам дека имаме раст, но ако имаме предвид дека бевме длабок минус ние сме дојдени во состојба нула и сега треба да креваме, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за послдните податоци од Државниот завод за статистика за состојбата во прометот во индустријата.