Логично е да ротираат претседателот и премиерот, барем таква е праксата, затоа оваа година таму е претседателката Сиљановска-Давкова и логично беше од страна на Бугарија да биде испратен претседателот и тој беше најавен, во последен момент е испратен премиерот“, вели премиерот Ако има каква било иницијатива за средба меѓу претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и бугарскиот премиер Росен Желјазков на претстојниот Самит на НАТО во Хаг, тоа треба да се прифати, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека тој нема да присуствува на истиот самит, затоа што, според ротацијата, сега на ред е претседателката, откако тој присуствуваше на последниот Самит на НАТО во Вашингтон.