Во време кога процесот на проширување е изложен на притисоци и тенденции на билатерализација, Копенхашките критериуми се нашата заштита.
Мининстерство за европски прашања Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска е домаќин на министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере, која престојува во работна посета на Република Македонија.
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска е домаќин на министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере.
Проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседателство со Европската Унија, кое започнува на 1 јули, бидејќи актуелните геополитички случувања го прават овој процес уште поитен, и ние ќе направиме сè што е можно за да ја поттикнеме европската интеграција на земјата, но овој пат мора да се следи заедно, за да се види дали може да се постигне напредок и во кои области може да се реализира, изјави данската министерка за европски прашања Мари Бјер, која денес е во официјална посета на Скопје.