Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски вели дека не сака да ја коментира истрагата за трагедијата во Кочани за да не влијае врз истата, но посочи дека нема да запре да ја критикува работата на судиите и обвинителите, бидејќи како што рече не е задоволен од испораката на правдата.
Интегрален текст од денешната прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ: За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја претворија Македонија во земја на понижени работници, посиромашни граѓани и опасно задолжена држава.
Денешното излагање на Мицкоски е уште една потврда дека тој целосно се загуби помеѓу неговите лаги од една страна, и суровата вистина – реалноста од друга страна.
Добро е што се усвои извештајот, но за жал, од друга страна, тоа е тотален дебакл и пораз на нашата дипломатија, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во изјава за Телевизија 24. Филипче во изјавата посочи дека македонскиот јазик е потврден, благодарение на државничките одлуки на Владата на СДСМ.