Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
51
64.21
42.92
8.88/5.60
51.00
24.22
0.47
4807.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 51
74 ■ 0.99/0.01 ■ 6 ■ 1618.4
Best clustering variants
74 0.99/0.01 6 1618.4
13:30 h 24-Jun-2025
  • Со 40 гласа за, 19 против и 10 воздржани Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија за 2023 и 2024 година подготвен од австрискиот европратеник и известувач за земјава Томас Вајц.
  • ◉ Изгласан извештајот на Вајц - одбиени амандманите од бугарските европратеници
07:17 h 23-Jun-2025
  • Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за земјава Томас Вајц.
  • Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Македонија очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик
19:45 h 22-Jun-2025
  • Како што кажа, очекува силна порака од Европскиот парламент за македонскиот идентитет и јазик, особено, откако добил вознемирувачки информации за силна активност на одредени политичари во Брисел, кои сакале да зададат нов удар врз идентитетот.
  • Жестока дипломатска битка за опстојување на идентитеските одредници во извештајот на Вајц
Faktor

Ние ќе се бориме против оние кои што изминатите седум години ја ограбија и понижија државата - порача премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека откако ја добил информацијата за таквите настојувања на на бугарските европратеници во Брисел, имал организирана активност со министерот за надворешни работи, при што успеале да го амортизираат обидот за нов удар врз македонскиот идентитет и јазик.-Јас успеав да контактирам со сите од Брисел и мислам дека успеавме некако да го амортизираме оној удар, кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик, доформулирајќи го, дообјаснувајќи го со модерен или сегашен, само да се обидат да креираат некоја нова нација, а со тоа да го нарушат и кредибилитетот на самата ЕУ. За жал, постојат и такви членови на Европскиот парламент, но среќа за нас што огромното мнозинство таму, застануваат зад нашите аргументи. Faktor

Alsat

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, документот беше на дневен ред за усвојување на седницата на АФЕТ на 4 овој месец, но гласањето по него беше одложено за денеска на предлог на Вајц, кој е известувач на ЕП за земјава, со цел, како што образложи, да им даде можност на неговите колеги европратеници, особено оние од редовите на десничарските пратенички групи Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и Европа на суверени нации (ЕСН) „да ги ажурираат своите регистри на лобисти“.– Знам дека понекогаш сме малку преоптоварени со работа во нашите канцеларии и сакам да ви дадам можност да ги ажурирате вашата регистри на лобисти и да се навратиме на ова гласање на 24 јуни, додаде Вајц.

Вајц во образложението на предлогот за одлагање на гласањето нагласи дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во Европарламентот. Alsat

24info

Членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент на денешното заседание треба да гласаат за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 2023 и 2024 година подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, документот беше на дневен ред за усвојување на седницата на АФЕТ на 4 овој месец, но гласањето по него беше одложено за денеска на предлог на Вајц, кој е известувач на ЕП за земјава, со цел, како што образложи, да им даде можност на неговите колеги европратеници, особено оние од редовите на десничарските пратенички групи Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и Европа на суверени нации (ЕСН) „да ги ажурираат своите регистри на лобисти“. 24info

  • Членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент на денешното заседание треба да гласаат за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 2023 и 2024 година подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц.
Racin

Тоа доволно ви дава одговор во каква состојба е една членка на ЕУ и кој во суштина го попречува евроинтегративниот процес, истакна Мицкоски, додавајќи дека тој би бил најсреќниот човек доколку извештајот биде усвоен на денешната седница на АФЕТ.

Инаку, во извештајот на Вајц се потенцира потребата од одржување на моментумот и кредибилитетот на процесот на европска интеграција и се забележува дека земјава продолжува да покажува посветеност на евроинтеграцијата и усогласеност со политиките на ЕУ. – Европскиот парламент повикува на брз напредок во преговорите за пристапување, истовремено истакнувајќи ја важноста на усвојувањето на неспроведените уставни амандмани; ги охрабрува сите политички партии во Северна Македонија да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне потребниот консензус за овие амандмани, што би го зајакнало мултиетничкиот карактер на земјата и би го забрзало нејзиниот напредок кон членство во ЕУ, се потенцира во Предлог-извештајот на Вајц. Racin

Racin

Во документот, меѓу останатото, се наведува дека демократските институции во земјата функционираат „задоволително“, но оти политичката поларизација останува пречка за неопходните реформи и се повикува на интензивирање на напорите за зајакнување на владеењето на правото и независноста на судството, борбата против корупцијата, реформирањето на јавната администрација и подобрувањето на транспарентноста околу сопственоста на медиумите.

Предлог-извештајот е пропратен со Објаснувачка изјава на Вајц во која тој наведува дека годините на неуспеси и неисполнети ветувања разбирливо доведоа до фрустрација, разочарување и континуиран пад на јавната поддршка за интеграцијата на земјата во ЕУ, меѓутоа во овие времиња на големи промени во меѓународниот светски поредок, постои обновено чувство на итност и важна можност за унапредување на процесот на проширување на Унијата. Racin