Народната банка ќе ги намали надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), како што се надоместоците поврзани со долговниот промет, но очекува во најкус можен рок банките да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно ниво. Kanal5
Ова се конкретните примери коишто гувернерот Славески ги претстави пред банкарската заедница, при што упати повик да се охрабрат и заеднички да продолжат со иновативен и проактивен пристап.
Притоа, ја истакна важноста корисниците на платежни услуги да се стават во фокусот при воведувањето на услугите, преку понуда на разумни, фер и одржливи надоместоци. Plusinfo
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска на средба со претставници на банките од Македонсаката банарска асоцијација (МБА) порача дека надоместоците за платежните услуги треба да бидат на разумно ниво, одржливо за банките, но истовремено фер и прифатливо за корисниците. Skopjeinfo
Гувернерот нагласи дека поставувањето разумни надоместоци за користењето на платежните услуги ќе има директно влијание врз зголемувањето на финансиската вклученост на населението, дополнително ќе придонесе за намалување на сивата економија и ќе обезбеди поддршка за оддржлив економски раст.
Состанокот помина во конструктивна атмосфера, при што од МБА изразија подготвеност за понатамошна соработка во насока на предлозите на гувернерот за намалување на провизиите при користењето на платежните услуги. Bankarstvo
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска ќе оствари работна средба со претставници на банките во Македонската банкарска асоцијација (МБА). Ова е прва официјална средба на гувернерот со МБА по неговото именување. Alfa
Покрај приходите од камати на одобрени кредити, овие приходи придонесуваат за високата профитабилност на нашите банки, која мерена според показателот „поврат на сопствениот капитал“, наречен Return on Equity, изнесува во просек околу 20%, а кај некои банки и над тој износ.
Ваквата стапка на поврат на вложениот капитал од страна на акционерите на банките е значително повисока во споредба со другите сектори во нашата економија – вели Славески. Plusinfo
Тоа значи дека секој граѓанин, без разлика на својата социјална положба, место на живеење или степен на дигитална писменост, треба да има пристап до сигурни, квалитетни и достапни платежни услуги.
Ваквиот пристап подразбира и поставување на надоместоците на разумно ниво за сите корисници. Lokalno
Укажавме на меѓународни практики, укажавме која би била користа од сето ова, но укажавме и на нешто друго.
Ако цените на електричната енергија, на природниот гас, на снабдувањето со вода, на телекомуникациски услуги, како што кажав се регулирани, така ќе бидат регулирани, уште може да биде од есен и цените на платежните услуги.“, рече Славески. Mk