Министерство за транспорт Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура. Kurir
Во тек е постапката за избор на консултант, кој се очекува да биде избран на крајот од месецов, или почетокот на наредниот месец.
Консултантот ќе има задача во две фази да подготови стратегија за електрични возила и акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој. Skopjeinfo