Во рамки на Бизнис форумот „Италија – Македонија“, кој денес се одржа во Скопје, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари билатерална средба со заменичката министерка за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија, Марија Триподи.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска, во рамки на македонско-италијанскиот бизнис форум ги претстави националните заложби во областа на технолошките иновации, дигиталната трансформација и сајбер безбедноста.