„Македонско најдобро“ е новата кампања преку која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се обиде да го зајакне и зголеми производството на домашни земјоделски производи, да ја подигне свеста за квалитетот и автентичноста на овие производи и да обезбеди полесен пристап на граѓаните до овие производи. A1on
Оваа платформа е дизајнирана како централно место за поддршка и промоција на домашното производство овозможувајќи три основни типа на регистрација.
Првата регистрација е за земјоделците каде ќе можат лесно да ги прикачат и промовираат своите земјоделски производи. Faktor
Кампањата ќе биде присутна преку сите релевантни канали како билборди, постери, флаери и преку социјални медиуми.
Изработена е и дигитална платформа Македонсконајдобро.мк на која сите македонски змејоделци, македонски задруги, преработувачи и продажни центри ќе можат да се регистрираат и секој еден граѓанин ќе може лесно да го пронајде и да се информира за домашните производи. Nezavisen
Додаде дека кога се избира домашен производ, не се избира само храна или продукт, туку директно се инвестира во домашната економија и во отворањето на нови работни места.
Во рамки на кампањата ќе бидат претставени активности и алатки за полесен пристап до домашните земјоделски производи. Faktor
Има и опција за филтрирање по категорија или специфичен производ преку кои секој граѓанин ќе може на брз начин да дојде до посакуваниот производ.
Во скоро време, како што најави Трипуновски, ќе биде ставена во функција и посебна мобилна апликација, преку која граѓаните ќе може лесно да ги пронајдат и да се информираат за домашните земјоделски производи и преработки од нив. Faktor