Очекувањата на Народната Банка се дека банките ќе се однесуваат одговорно и разумно и оти ќе ги намалат надоместоците кои се наплаќаат за граѓаните, по вчерашната одлука на Советот на Народната банка со која се создаде простор за намалување и поедноставување на трошоците кои на граѓаните им се наплаќаат од страна на банките.
Во рамките на активностите за модернизација на платниот систем и за поттикнување на електронските плаќања, Советот на Народната банка на вчерашната седница донесе одлука за целосно нов модел за тарифирање на банките за извршување и порамнување на плаќањата во Македонскиот интербанкарски платен систем.
Советот на Народната банка донесе одлука за воведување нов модел на надоместици што банките ги плаќат за услугите на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС). Со оваа промена, како што рече денеска гувернерот Трајко Славевски се воспоствува поедноставна и поконкурентна структура на тарифите, а тоа ќе овозможи пониски трошоци за електронските плаќања и ќе придонесе за поевтини услуги кон граѓанте и компаниите.