Полугодишните статистички податоци на ТАВ Македонија покажуваат дека во првите шест месеци најфреквентна дестинација од Меѓународниот аеродром Скопје е Истанбул (двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 17,1% пазарен удел), а потоа следат Базел Милуз (6,6%), Франкфурт (5,7%), Цирих (5%) и Минхен-Меминген (4,6%), Дортмунд (4,5%) и Виена (3,9%). Топ-пет земји до кои има најмногу директни летови се Германија (26,5% пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Турција (22,6%), Швајцарија (11,6%), Италија (5,4%) и Шведска (4,2%). Ако се разгледуваат бројките за Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Свети Апостол Павле одделно, скопскиот аеродром има годишен пораст за 4,47% и во првите шест месеци годинава преку него се превезени вкупно 1.423.039 патници, додека Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид бележи двоцифрен пораст од високи 10,9% со превезени 103.792 од јануари до јуни. Netpress