Ќе се зголеми прагот за електраните на домаќинствата или потрошувачите-производители на 10 kW и истовремено ќе се скрати рокот за издавање на дозволи за инсталација на кровни фотоволтаици. Kurir
За првпат во законската регулатива се предлага да се воведе законски рок за административната постапка за издавање дозволи за поставување кровни фотоволтаици за потрошувач – производител.
Овие измени се предвидуваат во предлозите за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ги објави на ener.gov.mk Рокот од еден месец ќе се однесува на постапката за издавање дозвола за поставување соларна опрема со капацитет до 100 kW, како и за потрошувач-производител на обновлива енергија и за заедници на обновлива енергија. Plusinfo