Собранието денеска, во рамки на 27. седница, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата и усвои четири одлуки: за разрешување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, за изменување на Одлуката за именување претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции, за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија, како и за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави.
Собранието денеска усвои две автентични толкувања – на член 39 став 3 и на член 45 став (4) од Законот за надворешни работи, со кои се отвора врата да се враќаат назад амбасадори без да бидат исполнети услови за тоа.