„Во делот на внатрешните контроли укажуваме дека не е донесена процедура за движење на документацијата и не е воспоставен систем за следење и контрола на сметководствената документација со јасно дефинирани и разграничени надлежности и одговорности“, стои меѓу другото во ревизорскиот извештај.
Државниот завод за ревизија во објавените конечни ревизорски извештаи на Основниот кривичен суд Скопје (3 сметки) се осврнува и на, како што стои, системски слабости, меѓу кои отсуство на веродостојни, вистинити и уредени сметководствени документи за потврда на правото на користење на старата зграда на судот, како и недвижни ствари кои не се евидентирани во сметководствената евиденција поради неизвршено примопредавање на истите. Skopjeinfo
ДЗР во извештајот во клучните состојби посочува и на различни услови за пополнување на едно работно место во прописите по кои работат судовите, предизвикува дилеми и неможност за постапување поради што е неопходно усогласување на истите.
Се укажува и на тоа дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење на судски депозити и на неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање. Biznisvesti
Понатаму се вели дека пописот не e спроведен согласно законската регулатива, ненавремено евидентирање на обврски, невоспоставена евиденција за одземените парични средства и скапоцености и други одземени предмети и неизвршен попис на истите.
Во ревизорскиот извештај стои дека Комисијата за преглед на севкупното работење не извршила целосен преглед на средствата за депозитите за 2023 година, и не е спроведен надзор на севкупното финансиско и материјално работење. Nezavisen
Во извештајот се укажува на недостаток на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи.
Средствата од Буџетот за 2023 година не го достигнуваат законскиот процент од 0.8% од БДП, а одобрениот Буџет за Судска власт е намален за 89.906 денари. Telma
Во ревизорскиот извештај стои дека Комисијата за преглед на севкупното работење не извршила целосен преглед на средствата за депозитите за 2023 година, и не е спроведен надзор на севкупното финансиско и материјално работење.
Евиденција на судски депозити кои не се гаранции туку уплати по друг основ за кои судот нема податоци за основ на истите, како и отсуство на податоци за статусот на предметите на судските депозити, завршени /незавршени, се наведува во ревизорскиот извештај од ДЗР. Nezavisen
Клучни утврдени состојби: -Отсуство на веродостојни, вистинити и уредени сметководствени документи за потврда на правото на користење на старата зграда на судот, како и недвижни ствари кои не се евидентирани во сметководствената евиденција поради неизвршено примопредавање на истите -Пописот не e спроведен согласно законската регулатива; -Ненавремено евидентирање на обврски -Невоспоставена евиденција за одземените парични средства и скапоцености и други одземени предмети и неизвршен попис на истите -Комисијата за преглед на севкупното работење не извршила целосен преглед на средствата за депозитите за 2023 година, и не е спроведен надзор на севкупното финансиско и материјално работење и -Евиденција на судски депозити кои не се гаранции туку уплати по друг основ за кои судот нема податоци за основ на истите, како и отсуство на податоци за статусот на предметите на судските депозити, завршени /незавршени.
На следниот можете да го погледнете целиот извештај на ДЗР. Mk