Сите дванаесет комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Една системски значајна банка веќе ја поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), девет банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности.
Се очекува, најголемиот дел од банките да го завршат овој процес до 22 август 2025 година за да можат да започнат со извршување на првите прекугранични трансакции во евра во рамките на СЕПА на почетокот на октомври 2025 година, којшто е и најраниот рок утврден од ЕПС за приклучување на давателите на платежни услуги од нашата земја. Faktor
Сите комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), соопшти денеска Народна банка по состанокот на претставници од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација (МБА) во Националниот совет за платни системи (НСП). -Една системски значајна банка веќе поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), 9 банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности – целат Народна банка. Plusinfo
Ова е заклучокот од состанокот одржан помеѓу претставниците од Народната банка и Македонската банкарска асоцијација (МБА) во Националниот совет за платни системи (НСП), со цел согледување на тековниот статус на плановите и роковите за миграција на банките, предизвиците со коишто се соочуваат и можностите за нивно надминување за навремено и успешно приклучување во СЕПА.
НСП е консултативно тело коешто преку координирани активности на сите засегнати страни од регулаторен и деловен аспект има за цел да го поддржи развојот на платниот систем во земјата и да ја зголеми ефикасноста на плаќањата во земјата и странство. Nezavisen
За потсетување, на 6 март 2025 година Европскиот совет за плаќања ја прифати апликацијата на нашата земја, со што станавме членка на СЕПА (Единствената област за плаќања во евра) , а со тоа се овозможи и приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 40 земји членки.
Интеграцијата на банките во европскиот платежен екосистем носи бројни придобивки за граѓаните и компаниите, пред сѐ брзи, сигурни и поевтини прекугранични плаќања во евра и зголемена економска активност. Plusinfo