Каматата на имателите на обврзници се исплаќаше годишно, односно во јули 2024 година, кога беше исплатен износ од 72,4 милиони денари (1,2 милиони евра) и јули 2025 година исто така износ од 72,4 милиони денри (1,2 милиони евра). Граѓанската обврзница беше воведена како нов иновативен производ наменет за граѓаните, а со цел унапредување на пазарот на државни хартии од вредност.