За разлика од минатиот период во кој доминантни компоненти беа корупцијата и дузина негативни ситуации кои кај граѓаните создаваа едно негативно чувство кога станува збор за менаџирањето со јавните финансии, сега актуелната влада, прави една промена и изготвува економски документ кој комплетно ќе ја промени нашата економска филозофија, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во емисијата „Утринско еспресо”, на Радио Лидер . – Овој пат ние одлучивме да направиме еден програмски документ, односно крвна слика на нашата економска филозофија и комплетно да ја промениме.
На седницата на Комисија за финансирање и буџет, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски истакна дека од кога ВМРО-ДПМНЕ е власт, јавниот долг во третиот квартал опаѓа на 56,9%. -На отворени финансии, за кои што Вие пред малку излажавте дека за 10% е покачен долгот, знаете што кажува?